Општина Центар отстрани уште две дивоградби

Сподели

 

Општина Центар од вчера започна со отстранување на уште една дивоградба, доградба на прво и надградба на второ поткровје на постоечки објект од втора категорија, на улица „Рајко Жинзифов“, спроти Градежниот факултет во Скопје.

 

 

 

Откако сопственикот/инвеститорот по решение издадено од општината не ја отстранил незаконски изградената градба, Општина Центар пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците за отстранувањето на градбата во целост паѓаат на товар на сопственикот.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатите денови отстрани една незаконски изградена тераса во приземје со димензии 4м х 1,3 м на улица „Наум Наумовски Борче“ во Дебар Маало и незаконски поставени паркинг блокатори на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

 

 

Привршува акцијата на Општина Центар за отстранување на нелегално поставени или изградени објекти, со која беа опфатени 18 незаконски градби на територија на општината. Со ова се реализира ветувањето на градоначалникот Саша Богдановиќ дека нема да толерира дивоградби на територијата на општината.