Истанбул: Нова полициска акција по терористичкиот напад на аеродромот Ататурк

Сподели

Бројот на приведени лица, осомничени за вмешаност во терористичкиот напад на аеродромот Ататурк, се искачи на 27 лица

thumbs_b_c_74067a031862d925d54925fc64dc553a

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на приведени лица, осомничени за вмешаност во терористичкиот напад на аеродромот Ататурк, се искачи на 27 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Тимовите на Единицата за борба против тероризмот при Дирекцијата на истанбулската полиција, приведиоа уште три лица во рамките на истрагата, започната по терористичкиот напад на аеродромот, што се случи на 30-ти јуни.

Тринаесет осомничени лица, од кои три се странски државјани, по извршените здравстевени проверки, под сомнение за вмешаност во нападите, се испратени во судот во Бакирќој, Истанбул.

Истрагата за единаесетте странски државјани, кои беа приведени при големата операција организирана на повеќе места на 1-ви јули, вклучувајќи ги и тројцата приведени во синоќешната операција, е во тек и се одвива во Дирекцијата на истанбулската полиција.

Екипите на Дирекцијата за борба против тероризмот, на 30-ти јуни приведе тринаесет лица, додека на 1-ви јули приведе 11 странски државјани под сомнение за вмешаност во организирањето на терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул.