Новогодишно стендап шоу во живо на “ЖЕНИТЕ КОИ ЗБОРУВААТ”

Сподели

 

Жените Кои Зборуваат (Žene Koje Pričaju) се три жени со 10 годишно искуство со стенд-ап комедијата. Тие 10г. за нив се 100 години волшебен живот. Тие сè уште стојат и зборуваат.

 

 

Да Ве запознаеме со нив:

Јелена Мандариќ:

Јелена е од Алибунар и лаборант по струка. Во Загреб ја започна својата стендап кариера. Таа се обидува да ги посочи сите комични елементи на штета на својот карактер, изглед, идиосинкратични одлики на целата своја личност. Треба да бидете многу силни за овој вид хумор, а Мандариќ е силна како карпа!

Јагода Јовановиќ:

Јагода длабоко верува дека светот би бил подобро место кога сите луѓе повеќе би се дрогирале и би имале повеќе секс. Нејзиниот живот е нејзината порака. Пред стендапот, таа ја претставуваше својата земја како млад дипломат во Мексико и Виена. Во оваа прилика, таа би сакала да им се заблагодари на сите кои со редовно плаќање даноци на државата и овозможија да си помине таму убаво. Нејзиното најголемо животно достигнување е нејзиниот сопруг, кој е пет години помлад од неа.

Ана Златановиќ:

Ана е по потекло од Обреновац. Има многу живописно семејство и подготвена е да зборува за нив. Завршила факултет за безбедност и мастер студии на истиот. Во животот била се – ја бранела Србија од тероризам како оператор на контрадиверзионата контрола на аеродромот Никола Тесла, ги слушала жалбите на корисниците во кол центарот, работела со туристи на море… Има напишано  и 2 книги (првата под псевдонимот Каја Видиќ).

  • Зошто стенд-ап? Која е неговата порака?

Јагода: Стенд-ап е многу интересна форма на уметничко изразување, затоа што навистина не ти треба некој посебен талент освен сопствената смисла за хумор, што мислам дека е всушност најголемата предност.

 

 

  • Дали мислите дека стенд-ап-от на луѓето им претставува бегство од не толку убавата реалност?

Јелена: Да, би се согласила со тоа, чисто од причина што голем дел од стенд-ап-от е потсмев на некоја мала трагедија во секојдневниот живот, и тој тип на потсмев секогаш добро и доаѓа на публиката. На било која уметност луѓето  реагираат на искреност, на она што е автентично, на она што доаѓа од срце, до лични искуства за кои не се срамиме. Комичарот и не треба да се срами.  Добар стенд-ап артист треба да биде во состојба да ги осветли и најтемните места  со светлото на  комичноста.

  • Често зборувате за геј тематика во вашите настапи? Какви се реакциите на публиката на вашиот хумор?

Ана: Претежно позитивни. Многу работи можат да се допрат со хумор без негативни реакции, така што досега не сме сретнале лоши реакции. Никогаш не сме имале случај некој да ни пријде после настап и да се пожали дека нешто што сме кажале било премногу, луѓето ни приоѓаат и ни велат дека навистина уживале во настапот.

  • Прв ден во новата 2021 година. Првата вечер публиката ќе ја започне со вас. Што да очекуваме на 01.01.21 во 21 часот?

Јелена/Ана/Јагода: Смеа на куб. Најдобар начин да ја започнете новата година е да се смеете. Ќе Ве насмееме на различни теми како: љубов, работа, деца, машко-женки односи, женско-женски односи, лесни дроги, тешка година…Онлајн стенд-ап шоу насловено како “Новогодишен специјал” за нашата публика и воопшто за сите оние кои сакаат со хумор и смеа да им започне новата година (а, ќе се сложите со нас дека по 2020г. дефинитивно ни треба повеќе да се смееме) за сите од Вардар до Триглав, ма и подалеку, за секој кој разбира Српски јазик слободо може да не гледа од дома, од удобна фотеља. Влезниците се ограничени (150), по цена од 156 денари (2,5 евра) во предпродажба и 3,5 евра на денот на настанот. За сите кои нема да можат да го следат настанот во живо, истиот ќе биде достапен за гледање до 08.01.21г. значи од Нова Година до Божиќ смеење  во домашна атмосвера.

  • Што им посакувате на Вашата публика во Македонија?

Посакуваме многу, многу здравје, љубов, хумор и смеа, меѓусебна толеранција, секс без рекламации и што помалку грижи во 2021 година!!!