МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи согласно своите организациони потреби, како и согласно одредбите од Законите за внатрешни рабои и за полиција и подзаконските акти денес објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место “полицаец“.

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Линк од јавниот оглас