Ќе добиеме вакцини преку три механизми, доволни за 60% од населението

Сподели

 

Во земјава се очекуваат три пратки од по 800.000 вакцини кои ќе бидат добиени преку „Ковакс“ механизмот, преку директните преговори со „Фајзер“ и преку Европската Унија, со што вакцинирани ќе бидат еден милион и двеста граѓани или скоро 60 отсто од населението, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Предвидувањето е дека треба да се постигне колективен имунитет, какви што се и предвидувањата во сите други земји. Преку „Ковакс“ механизмот 833 илјади дози, 800 илјади дози преку директната спогодба со Фајзер и 800 илјади дози со кои веќе аплициравме и добивме поддршка од Канцеларијата на европската делегација кај нас“, рече министерот.

Како што додаде тој, пристигнало и писмо за најава од „Ковакс“ механизмот дека е можно вакцините да стигнат на крајот на јануари или почетокот на февруари. Според писмото станува збор за вакцината на „Фајзер“, а потоа следна што доаѓа е вакцината на „АстраЗенека“.