ЈП „Македонија пат“ апелира: Внимателно возење заради одрони на патиштата

Сподели
 

Одроните и паднатите дрва на патот од Мавровска крстосница до Дебар се причина за воведување забрана за движење за сите типови на моторни возила, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, предивикани од врнежи од дожд кои ја имаат зафатено територијата на целата држава.

ЈП „Македонија пат“ предупредува на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот, посочувајќи дека негови дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила до 1 април 2021 година.

Од 15.ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.март.