Oфицијален претставник на париската полиција соопшти дека тепачката избувнала за време на продолжението на четвртфиналниот натпревар од Европското првенство помеѓу Германија и Италија
ПАРИЗ (АА) – Неколку десетици лица се полесно повредени во тепачка меѓу британските фанови која се случи синоќа во фан зоната во центарот на Париз, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agenvy (AA).
Ова е прв инцидент од ваков вид во Париз од почетокот на Европското првенство на 10-ти јуни, а се случи во екот на тензиите и високите безбедносни мерки низ целата земја.
Oфицијален претставник на париската полиција соопшти дека тепачката избувнала за време на продолжението на четвртфиналниот натпревар од Европското првенство помеѓу Германија и Италија.
Тепачката траеше неколку минути, а на повредените им е укажана помош во близина на Ајфеловата кула. По инцидентот немаше приведени, потврди неименуван претставник.