ДОМ: Последна можност да се заштити УНЕСКО статусот на Охридскиот регион

Сподели

 

Зелената партија ДОМ со загриженост повторно алармира за ситуацијата со Охридскиот регион. По последниот извештај на УНЕСКО во кој на повеќе од 100 страни е образложена итноста за заштита на регионот, како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот како и нефункционалноста на колекторот. Со ваквото непланско постапување, се доведува во прашање опстојувњето не само на природното туку и културното богатство на регионот.

Зелената партија ДОМ апелира до локалната власт на Општините Охрид, Струга и Дебрца  сериозно да се посветат на задолженијата и препораките од  УНЕСКО и заедно со Владата да се искористат сите расположливи механизми со цел заштита на нашето единствено природно и културно наследство на Охридскиот регион. Да не се дозволи Охридскиот регион, да го загуби статусот на заштитено подрачје од Унеско.

сооопштение ДОМ