Министерот Спасовски оствари средба со британската амбасадорка Галовеј

Сподели

 

Успешната соработка во однос на борбата против илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво беше во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј, која се одржа денеска во просториите на министерството.

 

Притоа беше истакнато дека Република Северна Македонија, кога станува збор за борбата против илегалната миграција, преставува одличен пример како се стекнува имиџ на сериозна земја. На средбата, меѓу другото, се разговараше и  за важноста од забрзување на процесите за исполнување на НАТО стандардите во институциите во земјава.

 

Двете страни во текот на разговорите ги потврдија своите заложби за уште поинтензивна соработка во иднина на сите полиња на одржување на безбедноста.