Живко Мукаетов останува претседател и ќе продолжи да раководи со Ракометната Федерација на Македонија и во наредните четири години.
Мукаетов ја доби поддршката на сите 54 клубови и ракометни здруженија во пресрет на Изборното собрание што ќе се одржи во недела во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Сите ракометни колективи со право на глас писмено изразија поддршка на Живко Мукаетов за претседател на РФМ во наредните четири години.
Живко Мукаетов е на чело на Ракометната Федерација на Македонија од март 2013 година. Во овој период откако тој е претседател машката ракометна репрезентација на Македонија беше учесник на сите светски и европски шампионати, а РФМ доби и организација на женско европско првенство за 2022 година. Мукаетов ќе биде претседател најмалку до 2025 година.