Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска од просториите на основното училиште “Хасан Приштина“, предводено од директорката Лулиета Ќерими, информираа за проектот кој го реализира Општина Чаир, преку поставување на вкупно 1.950 заштитни паравани, кои ќе бидат во служба на учениците од прво до трето одделение на сите десет основни училишта во Чаир, кои наставата ја следат со физичко присуство во овој период на модифициран едукативно – образовен процес поради пандемијата со вирусот Covid 19.
Преку снабдувањето на училиштата со овој вид на опрема се подигнува нивото на здравствена сигурност кај децата овозможувајќи поефикасна заштита од опасноста за инфицирање и проектот има вредност од 560.000 денари. Општина Чаир го има основен приоритет редовното одржување на основните училишта и во оваа мисија контруктивен партнер го има Министерството за Образование и Наука и приватните донатори со кои соработува, соопштуваат од Општина Чаир.