Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Јапонија неговата екселенција Хиронори Савада. Ова беше прва средба на министерот со новиот амбасадор.
На средбата се разговараше за актуелната ситуација со пандемијата со Ковид19 во нашата држава и во Јапонија и за долгогодишната успешна соработка помеѓу двете држави. Се разговараше и во врска со потпишувањето на договорот помеѓу Амбасадата на Јапонија и Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби која што ќе се одржи на 4 ти февруари.
Донацијата од 65,801 евра за машина за рециклирање на медицински отпад е во рамките на „Грант програмата за мали проекти и човекова безбедност (GGP)“. Програмата за мали проекти кај нас е активна од 1996 година и секоја година овозможува помош за јавни здравствени институции, основни училишта, градинки и општини.
Фокусот годинава ќе биде единствено на јавните здравствени установи. Министерот се заблагодари на амбасадорот за грантот што Јапонија го додели на Република Северна Македонија како помош за справување со пандемијата со Ковид19 во износ од 1 милион јапонски јени за набавка на медицинска опрема.