Филипче: Со националниот план за имунизација на населението ќе го спречиме ширењето на вирусот

Сподели

 

“Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе ја спроведеме во три фази, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Развивме безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови кадешто ќе се спроведува вакцинацијата. Ќе ја користиме постоечката здравствена инфраструктира и кадарот кој досега вакцинира.

Листите за кои први лица ќе се вакцинираат се спремни, а со имунизацијата ќе го спречиме ширењето на вирусот”, додаде Филипче.