УНДП РС Македонија со настан по повод своја Акцелератор лабораторија

Сподели

 

УНДП Северна Македонија ја започнува својата Акцелератор лабораторија и станува дел од глобалната мрежа од 92 лаборатории на УНДП. По овој повод, на 23 февруари со почеток во 14:30 часот во Хотел Хилтон, Скопје и паралелно на Зум платформата, УНДП Северна Македонија организира настан за промените на системот до забрзување на реформите, како и споделување успешни приказни од поединци кои направиле трансформации во општествата и организации.

На настанот ќе учествуваат меѓународни и национални говорници, а на отворањето домаќин ќе биде премиерот на државата, Зоран Заев и администраторот на УНДП, г. Ахим Штајнер, со вовед од помошник администратор и директор на Регионалното биро на УНДП за Европа и Комонвелтот на независни држави (РБЕЦ) г-ѓа Мирјана Сполариќ Егер.

Главни говорници на настанот ќе бидат: Саул Сингер, коавтор на книгата бестселер „Приказната за израелското економско чудо“, Тарија Котка, ИТ визионер и поранешен ЦИО на Владата во Естонија, Абдулај Мар Дије, специјален координатор на ООН за развој во Сахел. Оваа сесија ќе ја модерира постојан претставник на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакијан.

Во последниот сегмент од настанот збор за своето искуство ќе имаат директорот на Фондот на Северна Македонија за Иновации и технолошки развој, Коста Петров, Нина Ангеловска, поранешен министер за Финансии на Северна Македонија и претседател на Здружението на е-трговија, Горјан Јовановски, креатор на апликацијата за следење на загадувањето на воздухот „AirCare“ и Неби Бекири од Фондот за зелена клима. Дискусијата ќе биде модерирана од заменик постојан претставник на УНДП во Северна Македонија, Сања Бојаниќ.

Сите заинтересирани за настанот може да се регистрираат на овој линк.