Каракачанов сака да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов во Скопје

Сподели

 

Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, на Фејсбук напиша дека неговата партија ВМРО сака да го купи споменикот на Борис Сарафов, кој повеќе од четири години е отстранет од пред зградата на Министерството за надворешни работи во Скопје.

 

 

Реакцијата следува откако Град Скопје даде предлог да го врати старото име на улицата „Борис Сарафов“, односно да ја именува повторно во „4 Јули“.

Споменикот на Борис Сарафов беше висок пет метри и стоеше на триметарски постамент, пред да биде беше тргнат од пред МНР на 10 декември 2016 година.