Почина реномираниот македонски новинар, Тачко Локвенец

Сподели

 

На 79 годишна возраст, како последица на ковид-19, почина еден од најреномираните македонски новинари, Тачко Локвенец.

Посебен печат Локвенец оставил во весникот „Нова Македонија“ за која долги години работел како дописник од Прилеп, но често пати пишуваше и за теми од Македонија, Југославија и пошироко.

Локвенец работел за весникот „Нова Македонија“, Радио Прилеп, „Народен глас“, објавувал во „Остен“, а го издаваше и својот весник „Порта”.

Автор е и на повеќе книги,  „Вест и власт“, „Љубовни легенди од Прилепската чаршија”, „Судница лудница”, „Дабница”, „Ние сме тука”,„60 години од почетокот до денес”, „Љубовни легенди“, „Илинденски обелиск“ и други.

До последниот момент од својот живот беше посветен на творештвото. Подготуваше книга која требаше да биде пресек на предизвиците на македонското новинарство. Не ја заврши.

Слава му!