“Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите и испорачува правда за сите подеднакво, се наведува во денешното соопштение на СДСМ..
Пресудата за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ со години го практикувале, зададе силен удар на остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, кој се уште вирее во Белата палата.
Со неа, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани со години, само затоа што мислеле и делувале поинаку од ВМРО-ДПМНЕ.
Пресудата е уште еден пораз за Мицкоски, кој повторно не успеа да го одбрани криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа беше неговата единствена улога, за која што беше поставен токму од Груевски и Мијалков на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
Пресудата против обвинетите во предметот „Тврдина-Таргет“ е потврда дека времето на партизираното судство, времето кога некои беа над законите е завршено.
Граѓаните очекуваат и сите други случаи и предмети, покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат разрешница, а одговорните да бидат соодветно казнети.
Во Република Северна Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво.
Патот на правдата и владеење на правото е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда”, стои во соопштението на СДСМ.