Собранието ја усвои завршната сметка на буџетот на Македонија за 2015 година.
Според министерот за финансии, Кирил Миноски, „остварен е пораст повисок од предвидениот, извозот бележи пораст во однос на увозот, а стапката на невработеност е намалена на најниско ниво досега, односно на 24,6 проценти.“
Пратениците ја усвоија завршната сметка за буџетот без присуство на опозицијата.
Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, на денешната прес-конференција во Собранието, изјави дека завршната сметка на буџетот е само уште еден доказ за лошото, недомаќинско планирање и реализирање на фискалните политики и за лошите економски политики на власта во 2015 година.
Тој рече дека и со овој буџет, како и со сите претходни од 2008 година, Владата ги задолжила граѓаните и стопанството за нови 320 милиони евра само врз основа на дефицити на буџетите.