“Монструмите Заев и Филипче за свој личен профит убиваат граѓани”, со вакво соопштение денеска излезе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
“Нечовечноста на СДСМ уште еднаш се потврди. На сметка на човечки животи СДСМ профитира. Наместо на вакцини, се мисли на профит преку фантом фирми!
Весникот „Ла Верита“ уште еднаш потврди дека на Заев и Филипче поважни им се парите и профитот, а не здравјето на граѓаните. Поради алчноста по пари Заев и Филипче на душа ќе носат 3.244 човечки животи.
Додека граѓаните умираат секојдневно, Заев и Филипче избираат фантом фирма посредник за набавка на вакцини од Кина. За набавка на вакцините од Кина, била избрана фантом – фирма од Хонг Конг, таа фирма била наведена и во писмата испратени од Венко Филипче.
Кина поради Филипче и Заев го врати авансот, а граѓаните и денеска немаат вакцини!” – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.