ОФИЦИЈАЛНО: Донесена тешка одлука во пресрет на годинешните ЛОИ во Токио!

Сподели

Организаторите на Летните олимписки игри што оваа година треба да се одржат во Токио ја донесоа претходно најавената конечна одлука, навивачи од странство нема да можат да присуствуваат на игрите поради пандемијата со коронавирусот.

Во петокот се одржа состанок помеѓу претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Меѓународниот параолимписки комитет (МПК), градските власти во Токио, Организациониот комитет на Олимписките игри и Владата на Јапонија.

За време на состанокот, домаќините ги информираа ИОК и МПК дека нема да дозволат странски навивачи да влезат во Јапонија поради пандемијата.

Одлуката е донесена со цел да се одржи здравствената безбедност на сите учесници, но и на граѓаните на Јапонија.

Дополнително на одлуката влијаеше и фактот што во одредени делови на светот се појавуваат посебни соеви на коронавирусот, како и фактот дека постои ограничување на патувањата на глобално ниво.

Исто така се додава дека паричните средства ќе им бидат вратени на сите оние кои веќе купиле билети за Игрите во Токио.

Игрите беа одложени за една година поради пандемијата, а оваа година треба да започнат од 23 јули до 8 август.

The post ОФИЦИЈАЛНО: Донесена тешка одлука во пресрет на годинешните ЛОИ во Токио! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico