Министерството за образование и наука ги отфрли како невистинити информациите дека се одвивало гласање на претседател на Социјалдемократскиот сојуз во училиштата.
–Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација. Не се гласало во ниту едно училиште, стои во соопштението од Министерството. Со Законот за основно образование, во основните училишта се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја. Оваа Влада и Министерството за образование и наука ги користат училиштата за дејноста за којашто се наменети – за спроведување на воспитно-образовниот процес, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука и се апелира политичките партии да не го инволвираат образованието во дневните агенди.