Состанок на Комисијата за заразни болести – дали ќе има нови рекстрикции?

Сподели

 

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи редовен состанок, на кој ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот.

По завршувањето на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе се знае, дали до Владата ќе бидат препорачани построги мерки, односно викенд-карантин.

-Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани, беше соопштено од Министерството за здравство.

Во земјава на сила е полицискиот час кој трае од 22 часот до 5 часот наутро.