Министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата “Клик плус”, најави дека во земјава со нема да вакцинираат лица помлади од 60 години со вакцината „Астра Зенека“, откако Канада објави препорака да не се вакцинираат лица помлади од 55 години со вакцината на „Астра Зенека“, како и во Германија за лица помлади од 60 години.
Министерот за здравство, Венко Филипче, синоќа во гостување на ТВ „21“ изјави дека по двата извештаи на Канада и на Германија донесена е одлука да се следат нивните препораки и дека и во земјава со „Астра Зенека“, да не се вакцинираат лица помлади од 60 години. Министерот најави дека за став за ова прашање ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА).