Од утре,1.април, сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз, треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година.
Во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник (казна). Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично.
Денеска, 31.март, истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.
ЈСП Скопје заради актуелната ситуација со Ковид 19 излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот.
Во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи до 28 февруари, односно до 31 март.