Во „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат околу 5.000 граѓани дневно

Сподели

 

Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

 

 

Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5.000 граѓани дневно.

 

 

Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот.

Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично.