“Ви благодарам на сите кои денес ни се придружија во одбележување на Светскиот ден на лицата со аутизам”, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
“Исклучително ми е драго што забележувам дека свесноста за оваа тема секојдневно се зголемува, и искрено се надевам дека овие лица, од кои многумина имаат неверојатен потенцијал и креативни, визуелни и академски вештини, ќе ја добијат својата можност да придонесат рамноправно во нашето општество”.