Меѓународен литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз: “Му пишувам писмо…”

Сподели

 

 

 
„Му пишувам писмо на член од семејтството за моето искуство со Ковид-19“ – ова е темата на овогодинешниот меѓународен литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз (UPU), а во кој партнерски учествува и #ПоштаМК.
 
Целта на литературниот конкурс е да се подобри уметноста на пишаниот збор и вештините на изразување, а право на учество имаат сите ученици од основните училишта, односно деца до 15 години.
 
Составите мора да бидат во форма на писмо, напишани рачно и да ги содржат неговите основни елементи како што се: датум, поздрав на почетокот и крајот на писмото и потпис. Писмото не треба да го надминува ограничувањето од 800 зборови на оригиналниот јазик.
 
Учениците, своите писма можат да ги испратат најдоцна до 10 април 2021 година и тоа единствено по Пошта, на следната адреса: СОЈУЗ ЗА ГРИЖИ И ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА НА МАКЕДОНИЈА, поштенски фах 259; 1000 Скопје.
 
Најдобриот состав, односно писмо, ќе биде преведено и испратено до Меѓународното биро на Светскиот поштенски сојуз и ќе се натпреварува со останати првонаградени писма од меѓународните поштенски управи.
Минатата година првонаграденото писмо од Пошта на Севрна Македонија на Јана Поповска од ООУ „Елпида Караманди“ од Битола го освои второто место во светот.