Полициските службеници не смеат да ја попречуваат работата на новинарите

Сподели

Во текот на вчерашниот ден 04.04.2021 (недела) колешката Убавка Јаневска, новинар од онлајн медиумот ,,Дума.мк“ ни пријави инцидент во кој полициски службеник на СВР Велес и го одзел мобилниот телефон на новинарката Стефани Манева од веб порталот Дума.мк и ги избришал фотографиите од телефонот додека извршувала работна задача пред мостот „Гемиџии“ во Велес. Настанот се случил додека новинарката Манева работела на собирање информации за веста „Товарен воз прегази човек во центар на Велес.“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку своите адвокати ќе постапи по барањето на Убавка Јаневска, новинар од онлајн медиумот ,,Дума.мк“ и ќе поднесе претставка до внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага за овој случај и доколку се утврди пречекорување на овластувањата на полициските службеници, ЗНМ ќе инсистира на соодветни дисциплински мерки.

Извор:znm.org.mk