Фудбалскиот клуб Динамо од Загреб добива нов дом, а граѓаните на Загреб го објавија генералниот изглед на новиот стадион.
Истиот треба да биде завршен за три години, а виртуелниот изглед на новиот Максимир го направи загрепскиот архитект Ото Бариќ.
Цената на стадионот е 60 милиони евра и кој ќе има капацитет од 34.000 места.
“Во моментите кога нашите играчи пишуваат нови вечни поглавја на познатиот Динамо, за прв пат ја презентираме идејата и визијата за тоа како мислиме дека треба да изгледа нашиот дом! Врз основа на материјалите направени од клубот и во согласност со стандардите на УЕФА, визуелниот изглед на стадионот Максимир го направи познатиот загрепски архитект Ото Бариќ, со неговите партнери од специјализираната компанија „Полимашин“ кои идејата и визијата ги претворија во овие фотографии.
Новиот стадион на Динамо Загреб вклучува:
- – 34.000 покриени места
- – 3000 ВИП места
- – врвно гостопримство
- – центар за медиуми
- – обезбедено сместување за гледачи со попреченост и уште повеќе.
Ние сакаме да учествуваме во изградбата на новиот стадион заедно со стратешки партнер во проектот – Градот Загреб. Ги покануваме сите навивачи на Динамо да го поддржат нашиот стремеж за започнување активности кои сигурно ќе го подигнат клубот на повисоко ниво и ќе го направат уште подобар преку архитектонски тендер, избор на идеен дизајн и развој на проект, овозможувајќи прифатлив модел на финансирање и конечно градење на модерен дом на Динамо, на гордост на хрватскиот фудбал!
Загреб, Динамо и сите негови навивачи го заслужија тоа “, објави Динамо.
The post ФОТО: Како ќе изгледа новиот стадион на Динамо Загреб – Легендарниот Максимир во ново рубо и светски изглед! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico