Денеска и утре завршува вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура опфатени во првата фаза, а имунизацијата против Ковид 19, согласно Националниот план продолжува со вакцинација на граѓани, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите.
-Останатиот дел од 20.000 вакцини Спутник В ќе бидат распределени по возрасни групи онака, како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со вакцината на Астра Зенека по вакицналните пунктови. Апелирам до сите да се пријават на сајтот за вакцинација vakcinacija.mk за податоците влезат во системот Мој Термин и на тој начин бидат регрутирани. Истовремено и матичните лекари имаат обврска да ги анкетираат своите прикрепени пациенти, посебно оние постарите кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата системи – приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура – изјави Филипче.
Министерот истакна дека вакцинирани се сите оние коишто имаа најголем ризик , кои практично учествуваат во менаџирањето на кризата од самиот почеток, ако припадници на МВР, армијата, понатаму вработените во училиштата наставничките од 1-3 одделение, МТСП во делот на градинките негувателките и воспитувачките, понатаму правосудниот систем.
-Денеска групата на вработените во Собрание, во техничките служби од координацијата го очекувам и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците. Во таа смисла денеска се на ред групата преку Здружението на новинари оние коишто навистина се во првата борбена линија би рекол уште од почеток на кризата и со своето навремено информирање, информирање на јавноста, пласирањето на важните пораки исто се едни од клучните во менаџирањето на оваа здравствена криза – рече министерот.
Филипче најави измена на Законот за здравствена заштита, за што денеска се донесе одлука на ГГКШ, а предлогот на Законот веќе утре ќе се стави на седница на Влада.
-Денеска на Главниот координативен Кризен штаб се дискутираа повеќе работи во однос на менаџирањето на болниците, во однос на менаџирањето на вакцинацијата и целокупниот процес и во таа смисла би сакал да соопштам уште два важни заклучоци. Прво дека се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризата или вонредна состојба а што се однесува конкретно за лекување на ковид пациенти. Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза има потреба да се користи тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе и го поднесеме предлог измена на Законот за здравствена заштита – изјави Филипче.