Осум години затвор за Сашо Мијалков за случајот „Трезор“

Сподели

 

Основниот кривичен суд во Скопје донесе одлука казна затвор од 8 години за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за предметот „Трезор“. . 

Поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски доби 5-годишна затворска казна, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ доби казна затвор од 5 години, а поранешениот началник на Петтата управа во МВР- Горан Грујевски, за кого се чека одлуката од Грција за екстрадиција, заработи казна затвор од 15 години.

Сите овие лица се обвинети за злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
 

Судот досуди обвинетите солидарно да ја исплатат штетата предизвиканата материјалната штета во вредност од 813 илјади евра на буџетот. Од правното лице „Финзи“ треба да бидат конфискувани околу 200 илјади евра , а Судот ги задолжи обвинетите да ја вратат во Буџетот разликата од над 600 илјади евра солидарно, во рок од 3 месеци од правосилноста на пресудата.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.