Драги Рашковски, на својот ФБ јаобјави својата оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите во спроведувањето на програмите за работа на Владата и на стратешки проекти.
„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“.
Писмото со оставката кое му го испратил на премиерот Зоран Заев е со датум од 12 април.