Зелената партија ДОМ е огорчена, но не и изненадена од информациите што се објавуваат на некои опозициски портали. ДОМ е демократска партија каде што се почитува сечие мислење и став во однос на заложбите на оваа партија. По најавата за активни подготовки за самостоен настап на претстојните локални избори, одделни портали, со невистини се обидуваат да му наштетат на реализирањето на зелената агенда на ДОМ.
Претседателката, Маја Морачанин, на неодамнешната седница на ЦО на ДОМ јавно поднесе извештај за својата досегашна работа, при што, истовремено таа побара од Централниот одбор да гласа за нејзина доверба, која што ја доби со мнозинство гласови. Синхронизираниот напад вез зелената политика на ДОМ и на претседателката, Маја Морачанин, е и напад врз владејачката коалиција и парламентарното мнозинство, предводени од СДСМ. Без оглед на се, Зелената партија ДОМ и натаму ќе продолжи да функционира во интерес на граѓаните и да ги штити и промовира европските вредности, како полноправна членка на Европските Зелени.
соопштение