Како спортот има големо влијание на нашето здравје

Сподели

Ви ги откриваме придобивките кои ќе ви се случат по неколку месечно вежбање….

Спортот влијае на целокупниот организам. Покрај очигледните физички бенефити, со спортските активности можеме да ја унапредиме и менталната дисцилнина, да ја зголемиме концентрацијата и да го поправиме расположението.

СПОРТОТ ГО ПОПРАВА РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Спортот ја намалува депресијата. Истражувањата покажуваат дека депресивните луѓе кои се занимаваат со редовни спортски активности барем 4 месеци, значајно ги намалиле симптомите во однос на оние кои никогаш не вежбале.

ПОМАГА ПРИ АНКСИОЗНОСТ

Доколку сакате да се ослободите од анксиозноста почнете да спортувате. Една научна студија во списанието Америнак Журнал Психијатри поделила две групи на луѓе и го следела нивното однесување.
Во првата група биле испитаници кои вежбале по 30 минути, а во другата луѓе кои не биле физички активни. Во напад на паника, кој бил дел од истражувањето, учесниците кои вежбале успеале многу подобро да го контролираат својот страв во однос на оние во другата група.

ПОДОБРЕТЕ ГО ВАШИОТ ИЗГЛЕД

Еден од ефетките кои се постигнува со вежбање е и промената на физичкиот изглед. Се намалуваат килограмите, а се зголемува мускулната маса. Во истражувањето кое го спровело списанието Педијатрик Ексерсајз учествувале 6923 адолесценти, а разултатите покажале дека и кај мажите и кај жените постои поврзаност помеѓу физичката активност и задоволство од добриот сопствен изглед.

ЌЕ ИЗГРАДИТЕ ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА

Ако ја намалите депресијата и имате позитивни мисли, во тој случај ќе имате и поголема самодоверба. Истражувањето при универзитетот во Престон обелодени дека луѓето кои редовни вежбаат имаат вишок енергија, што им помага при секојдневните обврски. Со стекнувањето на спортска рутина, ќе влијаете и на својот менталитет што подоцна ќе се одрази и на секој сегмент од вашиот живот.

The post Како спортот има големо влијание на нашето здравје appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico