Владата со евро-обврзница ќе не` задолжува со нови 650 милиони евра

Сподели

Evra-i-denari-31

Македонија ќе издаде еврообврзница во висина од 650 милиони евра. Во службен весник е
објавена одлуката на владата од седницата одржана на 21 јуни, со која се утврдува
максималниот износ на новото задолжување со еврообврзница која ке се емитува во
2016 год. Парите ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и следната
година и за рефинансирање на старите долгови. Еврообврзницата ќе се отплаќа 10
години и ќе биде издадена преку претставништвото на Дојче банк во Лондон .