Британија го именуваше амбасадорот во Франција за нов претставник во ЕК

Сподели

Julina-King

Велика Британија го именуваше својот актуелен амбасадор во Франција, Џулијан Кинг, за нов претставник на земјата во Европската комисија, јавуваат светските агенции.

„Сер Џулијан Кинг е искусен дипломат, кој има особено искуство во европските работи и премиерот Дејвид Камерон смета дека тој ќе претставува значајно засилување во комисијата“, соопштиле од кабинетот на Камерон.

Кинг во ЕК доаѓа на местото на Џонатан Хил, кој најави оставка на функцијата веднаш по референдумот на 23 јуни, кога Британците гласаа за напуштање на Европската Унија.

meta.mk