ВИДЕО: Откако го направи овој голем инцидент на сред трка, ФИА драстично го казни!

Сподели

Меѓународната автомобилска федерација го казни италијанскиот возач Лука Корбери со забрана за учество во трка поради инцидентот што го направи во октомври минатата година. Тој беше казнет со забрана за настап во следните 15 години!!!

Корбери, кој се натпреваруваше во категоријата картинг КЗ, мораше да се откаже во еден момент од трката, а наскоро потоа направи потег што доведе до таква пресуда.

Тој пешачеше до патеката за време на траењето на трката, а потоа го фрли предниот дел од неговиот скршен картинг автомобил кон Паоло Иполито, возач кој претходно се обидуваше да го претекне неколку круга.

По трката, Корбери во друштво на неговиот татко, сопственик на патеката во Лонат, каде се одржа трката, физички го нападна Иполито.

По инцидентот, тој рече дека повеќе никогаш нема да се трка, а тоа горе-долу го потврдува и казната што му ја изрече ФИА.

Ако некогаш се трка повторно, тој може повторно да го прави тоа на 38-годишна возраст….

The post ВИДЕО: Откако го направи овој голем инцидент на сред трка, ФИА драстично го казни! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico