Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски

Сподели

 

Со 11 гласа „за“ и 60 гласа „против“, Собранието не ја прифати интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ќе продолжи да ја извршува својата функција во владата на премиерот Зоран Заев. 

Интерпелацијата беше поднесена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поради бегството на Сашо Мијалков.

Пратенците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија 39-та седница, откако не беа ставени на листата за обраќање поради задоцнето доставување до претседателот на Собранието и најавија интерпелација против спикерот Талат Џафери.

Интерпелации беа поднесени и против вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, но од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Рокот за расправа за нивните интерпелации истече, така што опозицијата ќе треба да поднесе нови иницијативи за нивна интерпелација доколку сакаат овие точки да се разгледаат во Собранието.