Демократски сојуз: Нон пејперот, сепак постои

Сподели

 

Демократскиот сојуз со загриженост го следи развојот на настаните, изјавите и дебатите околу наводниот нон-пејпер за поделба на Западен Балкан и создавање чисти етнички држави. Последната анализа на угледниот британски медиум “Фајненшл тајмс” недвосмислено упатува на пресметаноста на одредени кругови да го искористат евроинтегративниот вакуум на Западен Балкан за дестабилизација на Регионот.

Иако сите релевантни фактори се оградуваат од документот, Демократскиот сојуз смета дека тој постои како стратегија за наметнување нови кризи и вооружени конфликти, преку наводното создавање “големи држави”.  

Демократскиот сојуз не отстапува од позицијата дека идеите за прекројување на границите на Балканот претставуваат опасна игра со потенцијал за тектонски пореметувања и датанилизација, како и нови граѓански војни во целиот Регион.

Во Македонија постои партиски и граѓански консензус на патот  кон ЕУ, исто како што и Унијата мора да заземе многу поконструктивен став и конретни активности за  проширување со држави од Западен Балкан. 

Во спротивно, ќе се зголемува бројот на нон-пејпери (веќе кружи нов за поделба на Косово) за прекројување на границите на Балканот, како и деструктивните активности за внатрешна дестабилизација на државите од Регионот, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.