Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, соопштија од Општина Центар.
-,6 Од 30.април до 3.мај, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 4.мај (вторник), со вообичаено работно време – информираат од ЈП Паркинзи Општина Центар.