Бочварски: Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството

Сподели

 

Семејството на починатата Верица Белчовска, ќе добие стан на користење, во Струмица, со одлука на Комисијата за станбени прашања во Владата, објави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

 
“Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.
 
Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост, напиша на својот фб профил”, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.