Десет трудници избркани од фабрика во Крива Паланка

Сподели

timthumb

Десет трудници се избркани од работа во фабрика во Крива Паланка, јави ТВ Стар.

Тие од пред два дена повторно се на евиденција на Агенцијата за вработување, а едниствена причина за тоа е одлуката да станат мајки.

Жените  јавно побарале помош од Здружението за заштита на текстилни работнички од Штип.

„Завчера се избркани 10 бремени жени, значи имаме прекршување на договорот за вработување и покрај тоа што е кажано дека за време на бременоста жената нетреба да се избрка од работа“ – вели Горан Трајков, од Здружени за заштита на текстилни работнички.

Ова е само еден од примерите за тоа како се кршат човековите права во дел од македонските фабрики.  Состојбатае влошена во последните неколку години, а кршењето на работничките права е пропорционално со падот на стандардот:

„Поради сиромаштијата луѓето прифаќаат да работат и повеќе часови и да не бидат плаќани соодветно“ –  кажа Уранија Пировска, претседател на Хелсиншки комитет.

Но, ниту еден од нив јавно не зборува за проблемите, уште помалку официјално ги пријавува во инспекција, кај народен правобранител или Хелсиншки комитет.

faktor.mk