Шпанија: 29-годишно момче прва жртва на трката со бикови во Памплона

Сподели

thumbs_b_c_727149b660660b68c71825b83ed0f530

ПАМПЛОНА (АА) – Дваесетдеветгодишното момче е прва жртва на деветодневниот фестивал кој пред неколку дена започна во шпанската Памплона, јавува Anadolu Agency (AA).

Момчето од Валенсија, бикот за време на трката со роговите го погодил во пределот на градниот кош и стомакот. Тој беше веднаш хоспитализиран, но реанимацијата протече безуспешно при што е прогласен за мртов еден час подоцна.

Памплона на фестивалот Сан Фермин, манифестација позната по трка со биковите, секоја година привлекува голем број на гледачи од Шпанија и сите страни на светот.

Сан Фермин има традиција која потекнува од Средниот век, а Памплона во деновите на одржување на фестивалот прими и до 1,5 милиони туристи.

Според статистичките податоци, од 1924 година до денес, во трката со биковите животот го загубиле 15 лица додека секоја година има десетици повредени учесници.