Продолжен притворот на Орце Камчев за нови 30 дена

Сподели

 

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Јордан Камчев за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, информираа од Кривичен суд.

Камчев понуди и гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа му беше одбиена бидејќи според Апелацискиот суд и натаму постои опасноста од бегство.
 

Камчев беше уапсен на 13 март, откако во службена белешка на Агенцијата за национална безбедност било посочено дека реализирал средби со луѓе од странство кои биле таргет на агенцијата, кои биле индиција за можно бегство во Бугарија.

Тој  е осомничен за случајот „Плацеви на Водно“, за имот кој е поврзан и со експремиерот во бегсво, Никола Груевски, како и за предметот „Империја“, за којшто поранешното Специјално јавно обвинителство отвори истрага во ноември 2018 година. Перење пари, злосторничко здружување, измама се дел од кривичните дела опфатени во оваа истрага.