Шпанските медиуми тврдат: Барселона ќе го продаде Арда Туран

Сподели

Весникот “Marca” пишува дека турскиот фудбалер Туран остана без место во Барселона по доаѓањето на Денис Суарез и дека веќе е ставен на листата на играчите за продажба

thumbs_b_c_22277b34f98fb87769701415a1f85259

САРАЕВО (AA) – Шпанските медиуми тврдат дека каталонскиот фудбалски великан Барселона одлучи да го продаде турскиот репрезентативец Арда Туран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Весникот “Marca” пишува дека турскиот фудбалер Туран остана без место во Барселона по доаѓањето на Денис Суарез и дека веќе е ставен на листата на играчите за продажба.

Туран минатата година за 34 милиони евра во Барса стигна од Атлетико Мадрид, но не се наигра во првиот ред поради забраната на ФИФА за трансфер во Барселона, па првиот меч го играше дури во јануари оваа година.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Барселона би сакала да го продаде Туран за две третини од парите кои ги плати на Атлетико за неговото доаѓање. Истиот извор тврди дека Туран најверојатно кариерата би можел да ја продолжи во англиската премиер Лига бидејќи неколку англиски клубови и претходно биле заинтересирани за нивните услуги