“Возбуден сум. Благодарен на цела македонска јавност. 20 години носење на овој свет дрес за мене беше посебна чест, гордост. Среќен сум што вака ја завршив репрезентативната кариера, со едно големо натпреварувае. Тоа беше сон, не само на мене, туку и на сите македонци. Одигравме едно, за мене добро Европско првенство. Немавме искуство, знаевме дека играме на големи натпревари, нифалеше малку за да направиме резултат, но супер за овие дечки, посебно за мене е големо искуство и вечно ќе се сеќавам на ова Европско првенство“, изјави Горан Пандев.