Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. УВ=9.
Температурата ќе се движи од 13 до 40 степени.
И утре времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Од петок температурата ќе се намали, облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.