Најголемиот граничен премин за влез во Грција од Македонија „Евзони“, од денеска ќе работи 24 часа.
Исто така од денеска почнуваат со 24 часовна работа и другите два премини „Меџитлија“ и преминот „Ники“, како и „Дојрани“ кај „Дојран“.
Од 1 јули 24 часа ќе работат другите премини во Грција од другите земји: „Помахонас“, „Кастаниес“, „Кипои“, „Нимфаја“, „Орменејо“, „Кристалопиги“, „Какавија“, а од утре 24 часа ќе работи и преминот „Ексохи“.