Во Холандија зголемен бројот на новозаразени од Ковид-19

Сподели

 

Холандија, која меѓу првите земјите во Европската унија се откажа од речиси сите мерки за заштита од корона вирусот, повторно бележи голем пораст на новозаразени.

За помалку од две недели, дневниот број на позитивни тестови се зголеми речиси шестпати, од 550 случаи на 26 јуни на околу 3.700 вчера, јави Бета.

Најголем број нови инфекции се откриени кај млади луѓе, тинејџери и 20-годишници – старосна група која е последна во редовите за вакцинација и се уште не е вакцинирана или ревакцинирана.

Од друга страна, бројот на луѓе во болниците засега е се уште мал, благодарение на зголеменото ниво на вакцинација, особено постарите лица и граѓаните со други здравствени ризици, кои досега главно се имунизирани. 

МИА