И годинава, по повод празнувањето на верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“ на повеќе локации во Скопје постави посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад.
Во периодот од 19 до 21 јули ќе се постават 17 специјални садови наменети за одлагање на органскиот отпад.
Град Скопје и ЈП „Комуналан хигиена“ апелираат до верниците својот органски отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото фрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.
Контејнерите за одлагање органски отпад ќе бидат поставени на следниве локации:
1.Општина Шуто Оризари (автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; до подвозникот; во близина на Хамдипашината џамија; кај Спортскиот центар)
2.Општина Бутел (во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр – Бутел 1)
3.Општина Гази Баба (во близина на џамијата Сингелиќ; стадион Гази Баба).
4.Општина Чаир (поранешна локација на ЈПХКС; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик; кај поранешното седиште на Скопското муфтиство на Кале)
5.Општина Сарај (кај старата општина Сарај; во близина на џамијата во средно Нерези).